Алжирскиот интернационалец Ријад Марез, се наоѓа пред трансфер од Лестер во редовите на актуелниот првак Манчестер Сити, но може самиот да ги искомпликува работите во последен момент. Тој пред да си замине, од раководството на „лисиците“ побарал дополнителен финансиски бонус, по штп ќе се согласи да потпише за „граѓаните“.
Двата клуба се на добар пат да постигнат договор за трансферот вреден 75 милиони фунти, но Лестер не сака ниту да слушне за да му исплати дополнителен бонус на Марез. Алжирецот во тимот на Пеп Гвардиола ќе заработува повеќе од двојно во однос на сегашната годишна плата во Лестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА