Марез на патерици се врати од САД, кога ќе може Гвардиола да смета на него?

Ријад Марез пристигна во Манчестер сити за 65 милиони фунти од Лестер, но алжирскиот ас најверојатно ќе го пропушти стартот на сезоната по повредата заработена на синоќешниот натпревар против Баерн Минхен. Тој мораше да биде заменет по само пет минути игра поради болка во скочниот зглоб, а дека проблемот не е нималку наивен покажаа и фотографиите од враќањето на „граѓаните“ кон аеродромот, пред летот кон Манчестер, на кои се гледа Марез на патерици.

„Искрено не знам што се случи. Се пожали на болка и не сакавме да ризикуваме, ќе почекаме да се вратиме дома и да се извршат деталните прегледи, па ќе видиме колку долга ќе биде паузата“ – изјави Пеп Гвариола пред враќањето назад во Англија.

Манчестер сити наредниот викенд ќе го игра „Комјунити шилдс“ мечот против Челси, дуел што Марез најверојатно ќе го пропушти, но „граѓаните“ се надеваат дека тој би можел да се рехабилитира за десетина дена и да настапи на стартот од новата премиерлигашка сезона.

Се вчитува...