Италијанскиот калчолигаш Рома, сепак, ќе успее да го ангажира Ријад Марез, алжирскиот интернационалец од англискиот премиерлигаш Лестер. Како што информираат медиумите на Апенините, двата клуба нашле заеднички јазик Марез да се пресели во Италија за сума од 38 милиони евра. Рома веднаш ќе му исплати на Лестер 35 милиони евра, а дополнителни 3 милиони евра се врзани со клаузули за идните настапи и успеси на Алжирецот во новиот клуб.
Засега нема официјална потврда од Англија за овој трансфер, со оглед дека Лестер при првичните преговори бараше 50 милиони евра за да му дозволи на Марез да си замине. Но, и тој инсистираше да направи трансфер ова лето, па можно е раководството на „лисиците“ да попуштило во своите барања. За Ријад Марез сериозен интерес имаше и од Арсенал, но Арсен Венгер се откажа откако го купи Александре Лаказет од Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА