Фудбалерот на Монца, Пабло Мари, имаше многу среќа во страшната трагедија во трговски центар во Милано, каде екс-играчот на Арсенал мина само со полесни повреди.
Две лица го загубија животот, од кои едното се нашло во непосредна близина на Мари, кој се огласи преку социјалните мрежи по една ноќ мината во болница.
„Неколку моменти пред нападот одев низ продавницата туркајќи количка во која беше моето дете, наеднаш почувствував голема болка во грбот, како да добив грч. Имав среќа затоа што видов како човек yмиpa пред мене, му беше пpeceчен вратот. Јас се чувствувам добро, од понеделник ќе се вратам на тренинзите“, порача Мари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА