Словенечкиот клуб Марибор го суспендира сопствениот спортски директор Златко Захович, откако тој даде навредлива изјава кон спортски новинар, по завршувањето на мечот против Кршко во првенството на Словенија. Захович на оваа прес-конференција се појави наместо тренерот Дарко Миланич, и му контрираше на спортски новинар, кој го праша зошто има толку малку публика на натпреварите на Марибор. Захович се дрзна да му одговори навредливо, мешајќи ја дури и смртта на неговиот родител.
По ова, Здружението на спортски новинари на Словенија крена вистинска револуција, сите жестоко го нападнаа Златко Захович, инаку една од легендите на словенечкиот фудбал, а сето тоа резултираше и со негова суспензија од клубот Марибор.
Исто така и Фудбалскиот сојуз на Словенија (НХС) покрена дисциплинска постапка против Захович. Тој во минатото имаше жестоки препирки преку јавноста и со македонскиот интернационалец Агим Ибраими, додека тој го носеше дресот на Марибор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА