Македонската одбојкарска репрезентација го минува и вотриот ден во Марибор каде што ги прави финалните пдоготовки за настапот на Европското првнестко кое почнува в четврток. Од утре нашот тим мсе сели во базата во Љубљана и ќе го очекува воведниот натпревар против селекцијата на Финска.
„Покажавме дека можеме да играме против светски сили. Ова особено на натпреварот против Бугарија. Тоа е начинот на кој треба да играме на Европското првенство. Финска е нашата шанса за добар старт. Тие имаат околу 15 контролни натпревари, но само една или две победи. Во лоша форма се. Ако ги победиме, потоа ќе ја бараме шансата во некој од дуелите со Белорусија, Турција и со Словенија за уште две победи и пласман во втората фаза“ – вели во пресрет на првенството, Ристо Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА