Агим Ибраими денеска со тимот на Домжале му гостуваше на Марибор, прв дуел на македонскиот интернационалец со неговиот поранешен клуб. Добро познато е дека Ибраими по бројните прекрасни погодоци неславно си замина од Марибор по конфликтот со директорот Златко Захович, но клупската управа сепак се покажа во вистинско светло.
Ибраими најпрвин со гласен аплауз беше поздравен од навивачите, а потоа клупскиот директор Бојан Бан му врачи и подарок, врамена слика од него во дресот на Марибор, со дел од мечот од ЛШ против екипата на Челси.
Македонскиот репрезентативец сепак немаше милост за Марибор, откако со Домжале како гостин го совлада својот поранешен клуб со 1-2, а тој беше асистент при вториот гол за Домжале.
фото: ekipa24.si
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА