Пикерот на македонската репрезентација, Марија Николиќ (24) од следната сезона ќе настапува за грчкиот ПАОК. За Николиќ која досега беше дел од Металург, ова ќе биде прво интернационално искуство.
ПАОК е еден од клубовите со најголема традиција во Грција со амбиции следната сезона да атакува на двојната круна на домашна сцена. Со својот нов клуб, Марија Николиќ следната сезона ќе настапува во Челинџ купот.
„Ова ќе ми биде прво искуство во странство. Многу сум среќна за оваа нова перспектива во мојата кариера. Ќе играм во клуб со долга традиција и со високи амбиции. Тоа е најдобар избор за мене и се андевам дека со ПАОК ќе ја освоиме шампионската титула во Грција. Ќе биде голема мотивација за сите нас да стигнеме до финалето и да ја наполниме салата со навивачите на ПАОК кои се добро познати по атомсферата што ја прават за својот клуб“ – истакна Марија Николиќ.
Со ангажманот во ПАОК, Николиќ го продолжува трендот на младите македонски репрезентативки кои ја продолжуваат кариерата во странство. Летово својот прв интернационален трансфер го направија и Симона Стојановска во полскиот Балтика Шчечин и Наташа Нолевска која потпиша за данскиот Виборг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА