Шпанката Марија Перез и Бразилецот Кајо Бонфим освоија златни медали во брзо одење на 20 километри на Светското првенство во Токио.
Шпанката ја потврди својата доминација во главниот град на Јапонија. По триумфот на 35 километри, таа убедливо славеше и во пократката делница од 15 километри. Таа до златото стигна со време од 1:25:54 час.
Мексиканката Алења Гонзалез го освои второто место. Таа беше 12 секунди зад победничката. Првиот медал за Јапонија го донесе Нанако Фуџи, која ја помина целта на третото место.
По среброто на 35 километри, Боним конечно успеа да го освои златниот медал. Олимпискиот вицешампион победи со време од 1:18,35 час. Среброто заврши околу вратот на Кинезот Ванг, кој беше осум секунди зад Боним. Шпанецот Пол Мекграт се искачи на најниското скалило на подиумот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

