Петкратната победничка на гранд-слем турнирите, руската тенисерка Марија Шарапова и носителите на бројни рекорди во игра на двојки, американските близнаци Боб и Мајк Брајан, ќе бидат примени во Меѓународната тениска куќа на славните лоцирана во Њупорт во 2025 година.
Во текот на својата речиси 20-годишна кариера, Марија Шарапова се приклучи на ексклузивното друштво од десет тенисерки кои успеаја да освојат индивидуални титули на сите четири гранд-слем турнири, а пет пати се искачи на врвот на ВТА ранг-листа.
Браќата Брајан освоија рекордни 16 гранд-слем титули во конкуренција на двојки и се најуспешното тениско дуо во историјата со вкупно 119 заеднички трофеи, а заедно го држеа „бројот 1“ 438 недели и беа најдобра машка двојка на крајот на годината 10 пати.
Од 21. до 23. август следната година во Њупорт ќе се одржи церемонијата на прием во Меѓународната тениска куќа на славните, со специјална програма и хуманитарен турнир на кој ќе учествуваат легенди кои веќе влегле во рангот на тениските бесмртници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА