Марија Шарапова влезе во Куќата на славните

Познатата руска тенисерка, Марија Шарапова, официјално стана членка на Тениската куќа на славните.

Покрај Шарапова, во Куќата на славните се преселија и легендарните браќа Брајан, кои се сметаат за еден од најдобрите парови во двојки во историјата на тенисот.

Интересно е што на свечената церемонија на влегувањето на Русинката во Куќата на славните, говор одржа нејзината лута соперничка Серена Вилијамс. Познато е дека претходно не биле во добри односи, па затоа љубителите на тенисот беа доста изненадени кога Серена излезе да зборува за Русинката.

„Во 2004 година, кога Марија имаше само 17 години, таа го воодушеви светот и го освои Вимблдон. До ден-денес, таа го нарекува врвот на нејзината кариера. За мене, тоа е еден од моите најтешки порази. Тој натпревар не само што ја одреди шампионката. Тој ја направи Марија ѕвезда и започна едно од најконтроверзните соперништва во тенисот.“, рече Серена. 

 

Се вчитува...