Марија Штериова се сели во Минаур Баја Маре

Македонската репрезентативка, Марија Штериова, ја продолжува кариерата во Романија, но во нов клуб. Штериова која сезонава настапуваше за Дунареа Браила, од следната сезона се сели во тимот на Минаур Баја Маре.

„Среќна сум што можам да го најавам мојот нов клуб за следната сезона, Минаур Баја Mаре. Имав одлична сезона во Дунареа Браила, но време е да се оди напред. Мило ми е што ќе бидам во тим со многу нови странски ракометарки, што е една од работите што ми се допаѓаат во мојот нов клуб“ – објави Марија Штериова.

Со новиот клуб, македонската репрезентативка потпиша договор на една година.

Се вчитува...