Марин Чилиќ ќе го пропушти и УС опен

Марин Чилиќ ќе ја пропушти американската летна турнеја поради влошување на повреденото колено.
Хрватот по повеќе од шест месеци пауза го одигра својот прв меч на Отвореното првенство на Хрватска во Умаг, но во дуелот со Италијанецот Коболи беше јасно дека ја нема потребната слобода на движење за да игра на највисоко ниво.

Следниот турнир на кој требаше да настапи е Мастерсот во Торонто, но тоа нема да се случи.

„Состојбата на коленото се влоши, што ќе го одложи моето враќање на турнејата. Ќе ги пропуштам сите американски турнири. Иако сум разочаран што пропуштам уште еден дел од сезоната, верувам дека ми претстојат подобри денови и ќе продолжам да работам напорно за да го реализирам тоа. Ви благодариме на сите за континуираната поддршка“, напиша победникот на УС Опен во 2014 година во порака на Инстаграм.

Според најавите по учеството во Умаг, Марин планирал да одигра серија турнири во Кина во септември и октомври. Чилиќ поради повреда на коленото ќе ги пропушти сите четири  гранд-слемови оваа година.

Се вчитува...