МЗТ Скопје во четвртиот обид сезонава конечно успеа да го победи Работнички (80-76) во скопското кошаркарско дерби. За лидерот на табелата ова е само втор пораз сезонава кој не му ја загрозува лидерската позиција, но е сериозно предупредување за тимот од Градски парк пред следниот дуел против Куманово. Тренерот на Работнички, Марин Докузовски, потенцираше дека борбеноста на МЗТ од една страна и на моменти преголемата опуптеност на Работнички биле решавачки за конечниот резултат.
„И двете екипи денеска покажаа голема борбеност и желба за победа. Без разлика што мечот денеска резултатски немаше значење, кога играат Работнички и МЗТ секогаш е интересно. Им честитам на МЗТ за победата, беа подобри денеска, повеќе ја посакуваа победата. Ние можеби на моменти игравме и малку опуштено, сепак мислам дека одредени моменти во финишот го решија дуелот. Нас реално мислите веќе ни се на дуелот со Куманово затоа што тоа е екипа која никој не смее да ја потцени, покжа и сега дека со сите се носи рамноправно. Не победија и нас и МЗТ во Куманово и ова за нас беше еден тест пред тој дуел“ – истакна Докузовски.
Во составот на Работнички на поштеда беше Ѓорѓи Чековски, кој има мала повреда, а Докузовски не сакал да ризикува и непотребно да ја вложи ситуацијата.
„Чековски ја свитка ногата и не сакав да ризикувам. Не е сериозно, но победата не ни беше толку битна колку што ние битно тој да биде здрав за дуелот во вторник и не сакав да ризикувам“ – изјави Докузовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА