Еден од најперспективните македонски кошаркари во моментов, Марин Петков најмалку до 2027 година ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска го продолжи договорот на уште дополнителни две сезони.
Тој лани дојде во клубот од Аеродром кога потпиша двегодишна соработка, а управата на клубот реши да го „врзе“ на подолг период без да чека да му заврши актуелниот договор. П
Петков минатата сезона настапи на 13 средби во АБА2-лигата на кои доби десетина минути во просек, додека во домашното првенство одигра 30 средби со просек од 5,3 поени и 2,7 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА