Македонската Кошаркарска Федерација ги продолжува активностите за популаризација на женската кошарка. Во таа насока, МКФ за гостин во Скопје ќе ја има Марина Маљковиќ, поранешната кормиларка на женската кошаркарска репрезентација на Србија, која со оваа селекција стана европски првак во 2015 година, а лани стигна и до бронзеното одличје на ОИ во Рио де Жанеиро.
Маљковиќ ќе одржи демонстративен тренинг со сениорскиот национален тим во женска конкуренција. Тренингот ќе биде одржан непосредно пред почетокот на пријателскиот турнир во организација на Македонската кошаркарска федерација, на 1. јуни во спортскиот центар „Јане Сандански“. Пренесување на само мал фрагмент од нејзиното искуство стекнато полнејќи го богатото резиме ќе биде од огромно значење за сите инволворани не само во женската конкуренција туку во кошарката воопшто.
„Сакам да придонесам за развојот на кошарката во Македонија и воедно да ја изразам својата поддршка на активирање на женската репрезентација. Во Скопје ќе одржам еден вселенски демонстративен тренинг“ – кусо порача Маљковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА