Маринакис како Сергеј Самсоненко: Сака да седне на клупа и да го води Нотингем Форест

Првиот човек на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис направи огромна грешка кога му врачи отказ на Еспирито Санто, неколку месеци откако португалскиот стратег ги одведе „шумарите“ во европските купови по дводецениска пауза.

Изборот на Постекоглу беше уште една катастрофална одлука на грчкиот милијардер, кој сега сериозно размислува да направи преседан во Премиер-лигата и да се симне тој самиот да го води Нотингем Форест до именувањето на нов тренер. Гркот веќе ги контактирал Рафа Бенитез, Шон Дајш и Роберто Манчини, но нема да брза со конечната одлука за да не ја повтори грешката со Постекоглу.

Извори блиски до сопственикот на Нотингем тврдат дека тој размислува да се спушти на клупата за резерви и да го води тимот на европскиот дуел со Порто, можеби и на наредната премиерлигашка пресметка со Борнмут.

Фудбалска Англија не памти вакво нешто, но затоа ние ќе се потсетиме на македонскиот спорт, поточно ракометот, кога рускиот газда Сергеј Самсоненко се симна од ложата на клупата и го водеше најпрвин машкиот, а неколку години подоцна и женскиот тим нн „црвено-црните“ додека траеше потрагата по нов тренер.

Се вчитува...