Италијанскиот фудбалер, Марио Балотели се уште бара клуб по истекот на договорот со Адана Демирспор, каде во два мандати на 51 настап постигна 26 гола и додаде вкупно осум асистенции.
Тој во моментов е во преговори со Џенова, чија одлука ја очекува по натпреварот против Болоња. Агентот Енцо Раиола потврди дека претседателот на клубот го цени Балотели.
Во својата кариера Балотели играше за големи клубови како Интер, Манчестер Сити и Милан и постигна над 200 гола на 495 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА