Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели ова летоби можел да се врати во Премиер – лигата, откриваат медиумите на Островот. Тој во минатото беше дел од Манчестер сити и од Ливерпул, а од следната сезона би можел да го носи дресот на Евертон и да биде замена за Ромелу Лукаку, кој се поизвесно е дека ќе ги напушти „карамелите“ и ќе направи голем трансфер во некој од европските гиганти.
Балотели беше во преговори со Евертон и пред да замине во Ница, но тогаш во последен момент менаџерот Роналд Куман одлучи да не го доведе на „Гудисон парк“. Сега преговорите се повторно интензивирани и се ќе зависи од заминувањето на Лукаку. Балотели е секогаш тежок за соработка, но Куман знае дека сепак се работи за одличен напаѓач кој може да биде од голема корист за неговиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА