Марио Балотели потпишува за бразилски Коринтијанс

Контроверзниот Марио Балотели ќе биде нов фудбалер на бразилскиот Коринтијанс.

33-годишниот италијански напаѓач се очекува да потпише двегодишен договор, според кој ќе заработува три милиони евра по сезона.

Балотели е слободен играч откако војуни му заврши договорот со турската Адана. Претходно во кариерата настапуваше и за Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј… Има 36 настапи и 14 гола и за Италија.

Се вчитува...