Марио Балотели преговара со Фламенго

Италијанскиот репрезентативец, Марио Балотели влегол во преговори за трансфер со бразилскиот Фламенго. 28-годишниот фудбалер по раскинувањето на соработката со Марсеј е без клуб и би можел да направи трансфер во Јужна Америка.

Балотели беше поврзуван во враќање во Премиер-лигата. Тој му беше понуден на Вест Хем.

Балотели во минатата сезона за Марсеј одигра 15 натпревари и постигна осум гола. Претходно во Ница мина три сезони во кој на 66 натревари беше стрелец на 33 гола.

Се вчитува...