Марио Балотели пристигнува во соседството?

Поранешниот италијански репрезентативец, Марио Балотели кој своевремено важеше за еден од најдобрите голгетери се наоѓа пред ангажман во соседството и тоа во ЦСКА Софија, пренесуваат бугарските медиуми.

Пргавиот Балотели е слободен играч откако му истече договорот со турскиот тим Адана Демирспор и е слободен да ја бира новата дестинација, а голема е веројтноста дека тоа ќе биде во главниот град на нашиот источен сосед.

Триесетичетиригодишниот Италијанец досега играше за 11 клубови во пет првенства. Настапуваше во Италија за Лумекане, Интер, Милан, Бреша и Монца, во Англија за Манчестер Сити и Ливерпул, во Франција за Ница и Олимпик Марсеј, во Турција за Адана Демирспор и во Швајцарија за Сион.

Се вчитува...