Марио Балотели со нов шокантен трансфер!?

Италијанецот Марио Балотели во моментов е актуелен фудбалер на Адана Демирспор, но наскоро би можел да ја напушти Турција и да се пресели да игра во шампионатот на Швајцарија.

Контроверзниот напаѓач е под договор со Адана, но може да го раскине. За неговите услуги заинтересирана е екипата на Сион од швајцарскиот шампионат, од чии редови потврдија дека двете страни веќе разговарале за можноста за трансфер.

За Балотели се распрашуваше и екипата на Валенсија во чии редови тренер е Џенаро Гатузо, но според најавите од Италија, Сион е многу поблизу до неговиот потпис.

Се вчитува...