„Златното момче“ на германскиот фудбал, напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марио Геце, ќе мора да ја прекине привремено својата кариера поради метаболичко пореметување во неговиот организам. Тој долг период се мачи со повреда на бутниот мускул, но деталните медицински истраги покажаа дека проблемот е малку поширок.
„Борусија во наредниот период ќе мора да игра без Марио Геце. Членот на шампионската генерација од Светското првенство со месеци се мачи со повреда на мускулот, што беше повод медицинскиот тим да ги проучи причинит за оваа појава. Со анализата е утврдено дека се работи за метаболичко пореметување, поради кое е неопходно Геце веднаш да прекине со тренинзи и со фудбалски активности“, соопшти клубот.
Марио Геце, сепак, се надева дека брзо ќе се врати на терените.
„Секојдневно сум на терапии и ќе сторам се тш е во моја моќ за побрзо да се вратам во тренажен процес“, изјави Геце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА