Марио Геце следна цел на Дејвид Бекам за Интер Мајами

Англискиот суперстар Дејвид Бекам сериозно се посвети на градење на силен состав во МЛС-тимот Интер Мајами. По ангажманот на Блес Матуиди, германските медиуми најавуваат можен ангажман и на „златното момче“ Марио Геце. Стрелецот на победничкиот гол во финалето на Светското првенство во 2014 година заминува од Борусија Дортмунд, а Бекам му нуди да се пресели преку Атлантикот и да го облече дресот на Интер Мајами.

Овој клуб не стартуваше најдобро во МЛС-лигата на САД, па англиската суперѕвезда кој ја има претседателската функција, сака експресно да реагира и да доведе квалитетни фудбалери од Европа. Со Матуиди ќе биде засилен средниот ред, а доколку и Марио Геце се појави во нападот, тогаш Интер Мајами би имал сосема поинаков лик.

Интер Мајами по првите пет кола во шампионатот има пет порази и само три постигнати гола.

 

Се вчитува...