Поранешниот македонски репрезентативец Марио Ѓуровски се врати во клубот во кој ја започна својата азиска фудбалска одисеја, Муангтонг јунајтед во Тајланд.
Минатата сезона 32-годишниот Ѓуровски настапуваше за Бангкок глас, но по испаѓањето на овој тим во Втората лига на Тајланд се одлучи за разделба и сега нов едногодишен договор со Муангтонг каде настапуваше од 2012 до 2015 година.
Муангтонг минатата сезона во најсилното фудбалско друштво на Тајланд заврши на четвртата позиција. Претходно во својата кариера Марио Ѓуровски има настапи и за српските Црвена Звезда, Бежанија и Војводина како и Металург Доњецк во Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

