Марио Илиевски ја напушти ЦСКА 1948

Повремениот македонски репрезентативец Марио Илиевски го напушти бугарскиот тим ЦСКА 1948.

Илиевски точно една година настапуваше за ЦСКА 1948 по пристигнувањето од унгарскиот прволигаш Кишварда. Беше дел од македонската репрезентација во неколку наврати, но го загуби повикот од Милевски по загубената минутажа и во редовите на бугарскиот прволигаш.

Сега следи разделба со Бугарите, по што од следниот месец ќе има нов клуб.

Се вчитува...