Повремениот сениорски репрезентативец Марио Илиевски, беше стрелец на гол за неговиот тим ЦСКА 1948 во 18. коло во бугарскиот шампионат.
Напаѓачот погоди во 9. минута од средбата, гол со кој неговиот тим дојде до предност од 1-0, а потоа стигна и до втор гол за конечен триумф од 2-0.
Ова беше четврти гол за македонскиот напаѓач во бугарскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА