Повремениот македонски репрезентативец, Марио Илиевски игра во одлична форма сезонава во најсилниот шампионат на Косово.
Илиевски го доби признанието за играч на 20. коло од првенството, по постигнатите два гола во победата на Приштина од 4-1 против тимот на Лапи.

Македонскиот напаѓач во моментов е со десет постигнати гола сезонава во првенството на Косово, а има уште и два гола во Купот на Косово, како и шест асистенции во дресот на Приштина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

