Марио Илиевски се врати во Бугарија, ќе игра за ЦСКА 1948

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марио Илиевски е нов член на бугарскиот тим ЦСКА 1948 од Софија. Тој денеска го стави потписот на договорот, по што се враќа во бугарскиот шампионат после две години.

Илиевски беше дел од Септември Софија од 2019 до 2022 година, од каде замина во Кишварда, а сега одново ќе игра во Бугарија.

Тој е екс младински репрезентативец, а за селекцијата до 21 година има 30 настапи и шест голови. Од оваа година нема повеќе право да игра во младинската селекција.

Се вчитува...