Марио Илиевски со еврогол од пола терен (видео)

Марио Илиевски го постигна најубавиот погодок во досегашниот дел од кариерата по ремек-делото на македонскиот репрезентативец на големото косовско дерби меѓу Приштина и Дрита.

Резултатот гласеше 0-0 до пред самиот крај на полувремето кога Илиевски стапи на сцена, и со фантастичен удар од речиси половина терен го матираше противничкиот голман.

Тоа за жал не беше доволно за триумф бидејќи Дрита во второто полувреме израмни на 1-1, но нема сомнеж дека ремек-делото на Илиевски ќе биде не само најубав погодок оваа рунда, туку и гол на сезоната во косовскиот шампионат.

Се вчитува...