Младинскиот репрезентативец Марио Илиевски запиша нов погодок во унгарскиот шампионат, овој пат за бод на својата Кишварда на гостувањето против Хонвед во 18. коло.
Откако домашните дојдоа до предност во 47. минута, Илиевски влезе во игра во 55. минута.
И, во 73. минута македонскиот напаѓач одлично реагираше на одбиената топка пред голот на домашните израмнувајќи го резултатот за конечни 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА