Марио Илиевски со прв гол за ЦСКА 1948

Поранешниот младински репрезентативец Марио Илиевски го постигна првиот гол за ЦСКА 1948 од Софија. Тој денеска стрелаше во ремито на својот нов клуб против Спартак Варна.

Илиевски донесе предност за ЦСКА од 1-0, но потоа противникот израмни, па ЦСКА одново имаше предност до полувремето. Сепак, во вториот дел Спартак успеа да израмни.

Ова беше прв погодок на Илиевски по „кам-бекот“ во Бугарија. Тој во минатото беше дел од Септември Софија, а дојде повторно во Софија од тимот на унгарска Кишварда.

Се вчитува...