Марио Крстовски му донесе голема победа на Домжале

Екипата на Домжале освои важни три бода за опстанок во словенечкиот шампионат, совладувајќи го тимот на Копер на гостински терен со 0-1.

Херој на гостите беше македонскиот интернационалец Марио Крстовски кој го постигна единствениот гол вреден победа. Крстовски во 76. минута успеа да го најде патот до мрежата и така да донесе големи три бода за својата екипа.

За Крстовски ова беше трет погодок во првенството на Словенија. Претходно овој фудбалер играше за Слога и Леотар во БИХ, како и во Македонија ЃП, Академија Пандев и Работнички.

Се вчитува...