Македонскиот интернационалец Марио Крстовски, потпиша со словенечкиот прволигаш Домжале. Тој е вториот македонски фудбалер кој ќе го носи дресот на овој тим после Зени Хусмани, кој воедно е капитен на екипата.
Крстовски досега настапуваше во Слога од БИХ, а претходно беше дел од Зрински и Леотар. Во Македонија настапуваше за екипите на Македонија ЃП, Работнички, Академија Пандев и Хоризонт Турново.
„Дојдов во овој клуб да постигнувам голови и се надевам дека ќе бидам успешен. Хусмани ми кажа многу добри работи за клубот. Се среќававме на мечевите на Македонија, и одлуката беше полесна“, изјави Крстовски.
Крстовски потпиша двегодишен договор со Домжале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА