Марио Крстовски од Домжале со трансфер во Истанбулспор (ФОТО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Марио Крстовски својата кариера ја продолжува во турскиот второлигаш Истанбулспор.

Крстовски, кој имаше одлични настапи изминатава есен во дресот на словенечки Домжале во Словенија, со постигнати доста голови, сега се одлучи да ја прифати понудата на Истанбулспор, во клубот во кој претходно настапуваше поранешниот македонски репрезентативец Валон Етеми.

Марио Крстовски претходно во кариерата има настапи и за Хоризонт Турново, Работнички, Академија Пандев, Македонија ЃП, на домашната сцена, како и за Зрињски и Леотар Требиња во шампионатот на БиХ.

Се вчитува...