Македонскиот интернационалец, Марио Крстовски беше најзаслужниот за победата на Домжале од 2-1 против лидерот Целје, што беше најголемото изненадување изминатиов викенд во шампионатот на Словенија.
Крстовски одигра одличен натпревар, најпрво во 53. минута токму по неговата акција Домжале доаѓајќи до водство од 1-0. По неговиот обид со глава топката заврши во дирекот од голот на Целје, а потоа Хемт одбиената топка ја смести во мрежата.
Но, само неколку минути подоцна, во 60.минута одлична соло акција на Крстовски и погодок за 2-0. Во прв момент голот беше поништен поради евентуален офсајд, но по ВАР-проверката беше констатиран гол, кој на крај се покажа доволен за триумф на Домжале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

