Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Марио Младеновски својата кариера ја продолжува во хрватскиот прволигаш Вараждин.
23-годишниот Младеновски, по разделбата со Шкупи, на крајот од сезоната одлучи да ја прифати понудата на Вараждин за меѓусебна соработка во следните две сезони.
Централниот дефанзивец, кој потекнува од фудбалската школа на Металург, претходно во кариерата има настапувано и за Вардар и Македонија ЃП на домашната сцена, како и за данскиот Фремад како и бугарски Ботев Пловдив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА