Марио Наумовски е ново засилување за Беласица

Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица полека, но сигурно го комплетира ростерот за новата сезона во мак-фудбалот.

Струмичани денеска го официјализираа потписот на Марио Наумоски. Тој  е играч од средината на теренот и ќе претставува огромно освежување и  дополнителен квалитет во средниот ред на тимот од Струмица.

Тој во Беласица доаѓа од екипата на Македонија ЃП ,а претходно беше дел и од повеќе наши прволигашки екипи.

Се вчитува...