Марио Станковски ја засилува Македонија ЃП

Досегашниот напаѓач на Тетекс, и еден од најдобрите во втората лига минатата сезона Марио Станковски, во новата сезона ќе го носи дресот на Македонија ЃП.

Станковски претходно беше дел и од Тиквеш, од велешки Борец, играше и во Гостивар, Саса, а има и искуство со играње во Словенија, во тимот на Триглав. Потекнува од младинската школа на Работнички.

Со Станковски, „лавовите“ добиваат искусно засилување во нападот, со кое ќе бркаа брзо враќање на прволигашката сцена во идната сезона.

Се вчитува...