Марио Станковски потпиша за Шкупи (ФОТО)

Поранешниот напаѓач на Работнички, Марио Станковски и официјално промовиран како нов играч на Шкупи.

Офанзвецот му се приклучува на прволигашот од Чаир откако се раздели со тимот на Македонија ЃП каде беше изминативе две сезони. Станковски е дете на Работнички.

Шкупи се обидува да креира состав со кој ќе брка прволигашки опстанок, иако е јасно дека поради организацискиот хаос во клубот фудбалерите ќе имаат повеќе од тешка задача во борбата за задржување на прволигашкиот статус.

Се вчитува...