Продолжуваат заминувањата од таборот на Работнички. После Иво Јанакиевски, Арменд Алими и веројатно Методи Максимов, најверојатно следниот ќе биде Марио Станковски, „детето“ на овој клуб.
Станковски потекнува од младинската школа на Работнички, а како поајмен настапувашѓе во неколки клубови меѓу кои Тиквеш, Гостивар, Саса, а од 2020 е констнатно дел од „романтичарите“. Меѓутоа оваа сезона ретко добиваше шанса во првиот тим, па од тука разделбата е се чини неизбежна.
Засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Станковски. Неговиот брат Лука исто така беше дел од Работнички, направи трансфер во Газиантеп.
Ситуацијата во Работнички засега „статус кво“ кога станува збор за играчкиот кадар. Од тимот има најави за заминување на уште неколку играчи. Максимов веројатно ќе продолжи во Шкендија ако се договори со клубот од Тетово, додека најавениот „кам-бек“ на Бојан Најденов не се оствари. Тој на крајот се пресели во Локомотив Ташкент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

