Вардар 1961 постигна договор за продолжување на соработката со левото крило Марио Стојановски кој ќе остане во дресот на „црвено-црните“ и во следните две сезони.
Стојановски е играч израснат во вардаровата школа и важи за еден од ракометарите кои постепено и сигурно го градеа својот пат до сениорскиот тим. Во изминатиот период тој се наметна како опција на позицијата лево крило на кого може да му се верува. Неговиот напредок беше препознаен и од стручниот штаб, кој му доделуваше се поголема минутажа.
Паралелно со клупските обврски, тој има и репрезентативно искуство со младите селекции на Македонија, што дополнително ја потврдува неговата перспектива.
„Клубот и во наредниот период ќе смета на неговата енергија, посветеност и желба за напредок, со јасна цел за заеднички успеси во иднина“ – порачаа од РК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

