Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација, на седницата одржана на 20ти јануари 2026 година, ја разгледа и едногласно ја прифати оставката на селекторот на машката сениорска репрезентација, г. Марјан Илиевски, поднесена непосредно пред почетокот на седницата, информираат од Куќата на кошарката.
„Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на г. Илиевски и уште еднаш упатува искрена благодарност за неговиот ангажман, професионалност и придонес во периодот додека ја извршуваше селекторската функција, со желби за многу успех во неговата понатамошна кариера“, сто во соопштението на КФСМ.
Илиевски минатото лесто седна на кормилото на нашиот репрезентативен тим. По неуспехот во претквалификациите за Светското првенство, Македонија со победи над Азербејџан и Р. Ирска ги стартуваше претквалификациите за ЕП 2029.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

