Довчерашниот кошаркар на АВ Охрид, Марјан Младеновиќ го напушти тимот и е ново засилување за второлигашот Радовиш. Тој ги помина лекарските прегледи и се приклучи на новата екипа, која има големи амбиции за влез во прволигашката конкуренција.
Радовиш во изминатиот период се засили со неколку квалитетни играчи од Првата лига и е еден од најсериозните кандидати за влез во елитното натпреварување од следната сезона.
Младеновиќ дојде во АВ Охрид минатата сезона и беше дел од екипата која во Втората лига победи на 17 од 18 натпревари. Претходно охридскиот состав го напуштија Дарки Димковски и рускиот интернационалец, Дмитри Некрасов.
ФОТО: http: www.ohridnews.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА