Марјан Младеновиќ треба да биде ново големо засилување за Работнички во битката за шампионската титула оваа сезона, дознава ЕКИПА.
За Младеновиќ ова треба да биде четврти клуб сезонава, откако пред само неколку денови одлучил да се раздели со Куманово добивајќи веќе и исписница од клубот. Претходно, како што е познато пред стартот на сезоната потпиша за АВ Охрид кој потоа се распадна а неколку денови мина и во Гостивар.
Преговорите со Работнички се веќе во тек, па се очекува наредниве денови и официјално да биде промовиран во дресот на тимот од Дебар маало.
Младеновиќ во Работнички повторно ќе биде со Мијатовиќ и со Главчев со кои одлично функционираше во Блокотехна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

