Марјан Начевски е избран за член на Комисијата во ЕХФ за апелација. Тој доби четиригодишен мандат на оваа функција, откако беше избран на Изборниот конгрес на Европската ракометна федерација кој се одржува во Андау, Австрија.
На состанокот присуствува и претседателот на Ракометната федерација, Александар Стефанов, како и генералниот секретар Влатко Тасевски.
На истиот конгрес, Михаел Видерер повторно е избран за претседател на Европската ракометна федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

