Само шест месеци откако потпиша за Пјуник, Марјан Радески се раздели од шампионот на Ерменија. Ерменскиот клуб му се заблагодари на Радески на досегашната соработка, и му посака се најдобро во кариерата.
Така привот обид за интернационална кариера на Радески траеше само шест месеци, Екс играчот на неколку клубови во Македонија, меѓу кои Академија Пандев, Шкупи, Шкендија и Металург сега како слободен агент ќе бара нов ангажман.
Радески во минатото беше и репрезентативец на Македонија, но сега во овој момент е далеку од дресот со државниот грб.
Во Пјуник така остануваат уште двајца Македонци и тоа Стефан Спировски и Кире Ристевски кои и натаму ќе бидат дел од ерменската екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА