Марјан Ристовски нов фудбалер на грчка Кавала

Доскорашниот фудбалер на Брера, Марјан Ристовски од денеска е со прв интернационален предизвик. Крилниот фудбалер потпиша договор со грчкиот тим Кавала.

Ристовски во минатото беше дел од неколку прволигаши, и играше за АП Брера, Вардар, Силекс, Работнички, Борец, а беше дел и од Тиквеш и Кожуф.

Тој на почетокот на оваа сезона од Вардар се пресели во АП Брера, и на 14 меча постигна три гола и една асистенција, по што се раздели со струмичкиот прволигаш и сега за првпат ќе игра надвор од границите на Македонија.

Кавала во моментов се наоѓа на последното место во втората лига север во Грција, и со Ристовски и со уште некое ново име, ќе треба низ пролетниот дел да го бркаат опстанокот.

Се вчитува...