Марк Гасол останува во Жирона уште една сезона

Шпанскиот ветеран, Марк Гасол, ќе остане во Жирона уште една сезона. Гасол на тимот на кој што е сопственик му помогна да се врати во АЦБ лигата и тоа како играч и претседател, а сега одлучи дека сепак не е време за крај, иако се шпекулираше дека може да стави и крај на богатата кариера.

Во одлучувачкиот меч за пласман во елитата Жирона го совлада Естудијантес, а Марк натпреварот го заврши со 11 поени, 8 скока и четири украдени топки.

Марк Гасол токму кариерата ја почна во Жирона тим за кој настапуваше во периодот од 2006 до 2008 година. Беше НБА шампион со Торонто Репторс, а најдобрите партии ги имаше во Мемфис Гризлис.

Се вчитува...